Search

Петровска: Нашата Армија успешно обучи над 100 украински војници, детектираме штетно влијание на внатрешните процеси од страна на Русија

Она што во моментот го дететктираме како појава од такви трети земји кои навистина предизвикуваат штетно влијание тоа е Русија со своето однесување и овде во Македонија и информациите кои ги споделуваме и ги имаме во останатите држави и впрочем заради тоа беше и одлуката на нашата Влада, неколку месеци и во континуитет и претходно, за протерување на руски дипломати кои ги преминуваат границите на дипломатското однесување, истакна министерката за одбрана Славјанка Петровска во интервју за Гласот на Америка.

Петровска додаде дека одредени руски дипломати со своето однесување влијаеле или се обидувале да влијаат на внатрешните процеси со кои треба да се продолжи патот на европската интеграција и остварување на националните и стратешки цели.

Во однос на обуката на украинските војници, Петровска изрази задоволство што таа завршила успешно и додаде дека ако има потреба, повторно би се организирале обука на припадници на украинските вооружени сили.

„Обуката заврши успешно. Таа беше димензионирана согласно побарувањата на украинската страна, односно за тоа каков вид на потреба имаат нивните вооружени сили. Ме радува фактот што обуката заврши успешно. Над стотина војници на украинските сили беа обучени од страна на нашите вооружени сили, од нашата Армија и се надевам дека во наредниот период односно вратата е отворена и во текот на 2024 особено во почетокот на годината, ако се побара од наша страна, се разбира, позитивно ќе одговориме. Тоа е уште еден позитивен пример за тоа како ја поддржуваме Украина во она што од почетокот го најавивме, а тоа е покрај политичката поддршка и осудата на неоправданата руска инвазија врз Украина дека ќе ја помогнеме на секаков можен начин“ заклучи Петровска.

Треба да знаете
Последни објави