Search

Египет и Катар се обидуваат да го решат одложувањето на вториот круг на ослободување заложници

Египет и Катар се обидуваат да го решат одложувањето на вториот круг на ослободување на израелските заложници, изјавија денеска неименувани претставници на двете земји.

Палестински функционер запознаен со ситуацијата, кој не сакаше да биде именуван, изјави за Ројтерс дека Египет се обидува да го реши одложувањето на вториот круг на ослободување на израелските заложници од Газа.

Катар е во преговори и со Израел и Хамас за да се реши доцнењето со ослободувањето на заложниците „што е можно поскоро“, изјави за британската агенција неименуван функционер запознаен со ситуацијата.

Портпаролот на Хамас, Осама Хамдан, пак, на прес-конференција рече дека Израел не го исполнил својот дел од договорот за прекин на огнот и ги информирал посредниците за израелските прекршувања.

Тој исто така рече дека групата ја потврдила својата посветеност на прекинот на огнот
спонзорирана од Египет и Катар која започна вчера.

Хамдан рече дека од вчера вкупно 340 камиони со помош влегле во Газа и дека 65 стигнале до северниот дел на Газа, „што е помалку од половина од она на што се согласил Израел“.

Хамас претходно денеска соопшти дека ќе го одложи ослободувањето на заложниците додека Израел не вети дека ќе ги пушти камионите во северна Газа.

Тој вчера по 49 дена ослободи 13 израелски заложници, од кои некои имаат двојно државјанство, како и 10 тајландски државјани и еден Филипинец.

Од друга страна, Израел ослободи од затвор 39 Палестинки и малолетни деца.
Ослободувањето на заложниците е дел од привремениот договор за прекин на огнот меѓу Израел и Хамас, кој стапи на сила вчера.

Треба да знаете
Последни објави