Search

Данијела Мартиновиќ се пофали со новиот имиџ

Данијела Мартиновиќ деновиве го покажа новиот имиџ, а сите се согласуваат дека одлично и прилега.

Популарната пејачка на профилот на Инстаграм сподели неколку фотографии на кои се гледа колку ја скратила косата, но и ја променила бојата така што сега е русокоса со трендовски розов сјај, а во описот споделила и порака за нов почеток.

„Сите веќе знаете колку ги сакам почетоците, а во секој нов почеток лежи магијата на трансформацијата. Нова фризура, уште еден нов почеток и нов сјај“, напиша Даниела со фотографиите кои ги објави.

Пред неколку дена на социјалните мрежи се појави снимка од Данијела и нејзиниот партнер Јосип Плавиќ од прослава на која можеше да се види колку се среќни.

Нивната врска стана позната на почетокот на оваа година, а Јосип е криминален инспектор и се запознале кога Данијела преку Интернет поднела пријава за кражба на идентитет.

Пред него таа беше во долгогодишна врска со Петар Граша, но ретко ги споделуваше нивните заеднички фотографии на социјалните мрежи, а откако раскинаа ги избриша сите. Данијела има брак и со Марко Перковиќ Томпсон.

Треба да знаете
Последни објави