Шпанската католичка црква финансиски ќе ги обештети жртвите на злоупотреба

Шпанската католичка црква денеска соопшти дека ќе ги обештети жртвите на сексуална злоупотреба дури и во случаи кои не се завршени.

Таквата одлука претставува промена во однос на претходната ситуација, особено во случаите на незавршени постапки или оние кога застареноста на случајот е достигната или сторителот на злоупотребата починал.

Генералниот секретар на Шпанската епископска конференција Франциско Гарсија Маган посочува дека сè „ќе треба да се испитува од случај до случај“.

Тој исто така нагласи дека шпанските бискупи едногласно го одобрија планот за репарација на жртвите.

Црквата досега често одбивала да ја надомести штетата во случаи кога насилникот умрел.
Католичката црква се соочи со овој скандал по големата медиумска истрага во 2021 година, која ја разоткри широко распространетата злоупотреба на свештениците во Шпанија.

Бројни слични случаи на сексуално насилство во Католичката црква има и во други земји, како што се САД, Ирска и Франција.

Истражувањето објавено минатиот месец, кое е дел од извештајот на шпанскиот омбудсман за човекови права, покажа дека 0,6 отсто од 8.000 испитаници изјавиле дека биле злоупотребени.

Агенцијата наведува и дека омбудсманот ја критикувал Католичката црква дека не соработувала целосно со истрагата, како и дека се обидува да ја минимизира оваа појава.

Треба да знаете
Последни објави