Хамас ослободи 13 израелски и 12 тајландски заложници

Првата група од 13 израелски заложници, кои денеска беа ослободени од Хамас, сега се во рацете на израелската служба за безбедност Шин Бет, откако влегле во Египет преку преминот Рафа, пишува Тајмс оф Израел повикувајќи се на неименуван израелски функционер.

Би-би-си претходно објави, повикувајќи се на извори во Каиро, дека претставници на египетските власти ги презеле израелски заложници од персоналот на Црвениот крст и Црвената полумесечина на преминот Рафа.

Покрај тоа, сите 12 тајландски заложници кои претходно ги ослободи Хамас пристигнаа во Израел и се на пат кон болницата Асаф Харофех, пишува Хаарец.

Треба да знаете
Последни објави