Search

Фон дер Лајен: Насилството на екстремистите на окупираниот Западен Брег мора да престане

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен денеска изјави дека мора да се запре растечкото насилство на екстремистите на окупираниот Западен Брег.

Насилството на израелските доселеници врз Палестинците на Западниот Брег се зголеми по нападот на Хамас врз Израел на 7 октомври.

„Мораме да го спречиме ширењето на насилството и затоа мирниот соживот е можен само со решение со две држави“, рече фон дер Лајен на прес-конференција во Канада, каде што се појави заедно со канадскиот премиер Џастин Трудо и претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел.

Според неа, на палестинскиот народ и на арапските соседи им е потребна гаранција дека нема да има принудно раселување, туку остварлива перспектива – независна палестинска држава, обединета Газа и Западниот Брег управувани од реформирана палестинска управа.

„Затоа неприфатливото насилство на екстремистите на Западниот Брег мора да престане“, додаде Фон дер Лајен.

Претходно оваа недела, американскиот претседател Џозеф Бајден изјави дека САД се подготвени да воведат забрана за визи за „екстремистите“ кои напаѓаат цивили на Западниот Брег.

Британскиот министер за надворешни работи Дејвид Камерон, исто така, го повика Израел да го запре, како што рече, „целосно неприфатливото“ насилство на доселениците на Западниот Брег.

На Западниот Брег живеат три милиони Палестинци кои живеат меѓу повеќе од половина милион еврејски доселеници.

Постојаното проширување на населбите е едно од најспорните прашања меѓу Израел, Палестинците и меѓународната заедница

Треба да знаете
Последни објави