Search

Транспорт и врски инвестира околу еден милион евра за подобрување на  локалните улици во Кавадарци

До сега реконструиравме  девет улици во општина Кавадарци, за што преку Министерството за транспорт и врски инвестиравме околу 1 милион евра, а следната година предвидено е да реконструираме уште две локални улици, истакна министерот Благој Бочварски кој денеска со министерката за труд и социјална политика, Јована Тренчевска извршија увид во реконструираната улица Димката Ангелов Габерот.

Ова е дел од Проектот за реконструкција на локалните улици низ општините за што Владата инвестира вкупно 70 милони евра.

Министерството за транспорт и врски во континуитет дава силна подршка на општините за проекти кои се од суштинско значење за граѓаните и за развој на локалната економија, потенцира министерот Бочварски. 

„Владата преку Министерството за транспорт и врски инвестираше околу 1 милион евра во општина Кавадарци и слободно можам да кажам дека тука во Кавадарци реконструиравме најголем број на улици и тоа:

  • ул. Дисанска
  • Западен Булевар
  • ул. Илинденска
  • ул. Пионерска
  • Ул. Браќа Џунови
  • Ул. Димката Ангелов Габерот на која што се наоѓаме денеска.

Понатаму, улицата Слога, улица Вељко Влаховиќ и улица Максим Горки.

Од тука сакам да најавам дека следната година ќе ги реконструираме и улиците Ѓорѓи Соколов и улицата 25 Мај, за кои постапките во Министерството за веќе започнати.

Исто така во делот на патната мрежа континуирано вложуваме и за рехабилитација на регионалните патишта во и околу Кавадарци.

Целосно го реконструиравме транзитот низ Кавадарци, патниот правец кон Дреново, патот кон Росоман, го реконструиравме и патот Мушов Гроб – Мрежичко, а што е најважно со силна динамика работиме на изградба на експресниот пат од Градско кон Прилеп, како директен бенефит за сите граѓаните од Кавадарци и од регионот”, изјави министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски.

Министерот додаде дека со средства од  Министерството во висина од 2,5 милони евра е подобрена комуналната инфраструктура низ повеќе улици во општината Кавадарци.

Треба да знаете
Последни објави