Search

Северна Австралија нападната од стаорци

Илјадници стаорци, мртви и живи, ги преплавија плажите во австралиската држава Квинсленд, која со месеци се бори со наездата на глодари.

Стаорците ги нападнаа рибарските села во северна Австралија во последните денови, принудувајќи ги жителите секое утро да ги чистат плажите од купишта мртви глодари. Стаорците постепено се приближуваа кон брегот по исклучително изразената сезона на дождови во внатрешноста на земјата.

Овие мали цицачи стигнале до Карумба и Нормантон во Квинсленд, каде што напаѓаат животни од фарми, се качуваат на чамци и ги гризад жиците од автомобилите.

Стаорците го нападнаа и соседното село Карумба, популарно место за риболов. Купишта мртви, удавени глодари се испуштаат на брегот секој ден, изјави сопственичката на рибарски брод Гема Проберт.

Еден жител сведочеше дека насекаде имало стаорци и дека му го уништиле автомобилот јадејќи ги сите жици од моторот.

Во австралиската околина, обилните дождови често се придружени со експлозија на популации на штетници како што се скакулци, стаорци и глувци.

Треба да знаете
Последни објави