Search

Посебен режим на сообраќај денеска во Скопје

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните на Скопје дека денеска во периодот од 11.00 до 14.30 часот Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот по сообраќајниците на централното подрачје на град Скопје поради одржување на два најавени протести, извести МВР.

Од таму апелираат до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвиваат протестите.

Треба да знаете
Последни објави