Search

Писториус ќе биде пуштен на условна слобода откако помина речиси 10 години во затвор поради убиство на својата девојка

Јужноафриканскиот параолимпиец, Оскар Писториус, ќе биде пуштен на условна слобода откако помина речиси 10 години во затвор поради убиство на својата девојка. Одделот за условно ослободување по денешното рочиште соопшти дека 37-годишниот Писториус ќе биде ослободен на 5 јануари 2024 година.

Пристиориус во февруари 2013 година, во својот дом во Преторија, ја застрела својата девојка Рива Стенкамп преку затворена врата од бањата, бидејќи мислел дека има провалник во куќата. Обвинителите тврдеа дека 29-годишната манекенка и реалити ѕвезда по расправија втрчала во бањата, а Писториус ја убил во напад на бес.

Спринтерот на спортската јавност и беше познат по тоа што се натпреавруваше со две протези на своите нозе од потколениците. Тој првично беше осуден за убиство од небрежност и доби петгодишна затворска казна, но подоцна Апелациониот суд ја укина пресудата и го осуди за убиство, за што прво доби шест години затвор, но по жалба на обвинителството беше осуден на 13 години и пет месеци затвор. Писториус испукал четири куршуми во Риво Стенкамп, а како отежителна околност судот го наведе фактот дека параолимпиецот не испукал предупредувачки истрел.

Треба да знаете
Последни објави