Search

Ова се 13-те израелски заложници кои Хамас ги ослободи денеска

Тринаесет Израелци, жени и деца, кои членовите на Хамас ги ослободија по речиси седум недели заробеништво, се во Египет, пишува Тајмс оф Израел. Израелските одбранбени сили ги објавија имињата на 13 заложници кои денеска беа ослободени од Газа.

Израелските одбранбени сили (ИДФ) потврдија дека израелските затвореници кои беа заробени во Газа, а кои беа ослободени денеска, пристигнале во Израел и биле прегледани од лекари. ИДФ ќе ги придружува до болниците каде што ќе се сретнат со нивните семејства.

Воениот дописник на Тајмс оф Исраел, Емануел Фабијан на Твитер ги објави имињата на 13-те ослободени заложници како и видео од влегувањето на затворениците во Израел.

Треба да знаете
Последни објави