Катар потврди дека се ослободени 39 Палестинци од израелските затвори

Портпаролот на Министерството за надворешни работи на Катар, Мајед ал-Ансари изјави дека Израел во согласност со Договорот за прекин на огнот ослободи 39 Палестинки и малолетни лица.

Го потврдуваме ослободувањето на 39 жени и деца од израелските затвори како имплементација на обврските на првиот ден од Договорот, посочи Ал-Ансари.

Како дел од договорот за хуманитарна пауза што го постигнаа Хамас и Израел, 39 палестински затвореници во израелските затвори, меѓу кои 24 жени и 15 деца, беа префрлени од затворите Дејмон и Мегидо во Израел во затворот Офер на Западниот Брег.

Претходно денеска Хамас ослободи 24 киднапирани цивили, меѓу кои 13 Израелци.

Треба да знаете
Последни објави