Search

Акција и во Битола: Се вршат претреси, се апсат лица по барање на Финансиската полиција

Денеска од раните утрински часови под раководство на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Битола, Управата за финансиска полиција со асистенција на единиците од Министерството за внатрешни работи на повеќе локации во Битола извршува претреси и се приведуваат осомничени лица, информираат од Финансиска полиција.

Акцијата е резултат на повеќемесечна предистражна постапка,  за кривични дела против јавните финансии, платниот промет и стопанството што ја спроведе Управата за финансиска полиција во координација со Основното јавно обвинителство Битола. 

По завршување на акцијата Управата за финансиска полиција детално ќе информира за предметот.

Треба да знаете
Последни објави