Search

Мадиќ: 27 април беше срам за државата, ќе учат генерации како не треба да се однесуваат граѓани и носители на политички функции

„Во врска со 27 април, ниту одлуката на обвинителката ниту ни судиката нема да ги коментирам. Меѓутоа, 27 април беше срам за државата, дали беше тероризам, напад, уривање на уставниот поредок, упад во законодавниот дом. Ние 27 април ќе го памтиме и ќе учат генерации како не треба да се однесуваат некои граѓани, носители на политички функции, пратеници, дел од извршна власт. За 27 ми април нема збор,“ рече заменик министерката за правда Викторија Аврамовска Мадиќ.

Таа посочи дека дали обвинителката постапила исправно или не или дали требало да имаат обвиненија или не самиот момент покажува дека треба да имаат обвиненија затоа што такво нешто не смее да се дозволи.

„Во однос на ситуацијата во судството, да, имаме проблеми, сега спомнавте 4 отсто, а претходно и 1 отсто. Судството и обвинителството си го прават рејтингот сами. Да не генерализираме, се раб оти за поединци, имаме и одлични судии и обвинители, одредени поединци со своето делување, при носење на одлуки, со губење на својот авторитет и интегритет, во кругот на своите колеги , се доведува до задоцнување и застарување на предмети,“ посочи Мадиќ.

Треба да знаете
Последни објави