Search

Берлин најавува посебен „антикризен“ буџет

Германскиот министер за финансии Кристијан Линднер денеска најави дека владата во Берлин „ќе се обиде да усвои посебен буџет за покривање на трошоците за енергетските субвенции“, по минатонеделната одлука на Уставниот суд во Карлсруе за неуставното пренасочување на 60 милијарди евра од фондот „Ковид“ во „зелен развој“, пренесоа агенциите.

По одлуката на Судот во Карлсруе, и интензивните преговори во владината трипартитна коалиција, седницата на буџетската комисија на Бундестагот беше одложена: наместо тоа, Линднер излезе со најава за „специјален буџет“, без многу детали, освен дека Берлин тврди дека повторно нема да се задолжува во оваа прилика. Инаку, со пресуда на Судот, елементите на германскиот буџет за 2023 година беа прогласени за неуставни поради заобиколување на уставно регулираните правила кои го ограничуваат задолжувањето.

Таканаречената „должничка кочница“, според германскиот Устав, може да се суспендира само во вонредни ситуации, за кои беше прогласена пандемија. Кристијан Линднер денеска истакна дека владата во Берлин ќе се придржува до лимитот за задолжување за буџетот за 2023. „Ниту еден нов долг нема да се преземе, туку средствата кои веќе се искористени за надминување на кризата ќе бидат ставени на сигурна правна основа “, рече Линднер без дополнително објаснување.

Треба да знаете
Последни објави