Search

Пластичните даски во кујните можат да бидат опасни : Јадеме 50 грама пластика секоја година

Една неодамнешна студија објавена во рецензираното списание „Екотоксикологија и јавно здравје“ претстави шокантна проценка, според која научниците ја претставиле вкупната годишна изложеност на микропластика по лице користејќи пластични кујнски даски.

Микропластиката е пронајдена во човечките бели дробови, крвта, плацентата

Микропластичните форми може да му пречат на дигестивниот и респираторниот систем, а хемиските адитиви што ги ослободуваат може да го нарушат ендокриниот и репродуктивниот систем, предупреди неодамна група научници од Јужна Кореја.

Сè поголем број докази укажуваат дека микропластиката е јавно здравствен проблем. Микропластиката е пронајдена во човечките бели дробови, крвта, па дури и во плацентата.

Повеќето пластики не се разградуваат во околината, но се распаѓаат – овие мали пластични честички можат да апсорбираат хемиски загадувачи и микроорганизми кои можат да претставуваат ризик по здравјето на луѓето.

Истражувањата покажаа дека животните изложени на микропластика може да доживеат доцнење во развојот, промени во однесувањето, неплодност и ослабен имунолошки систем.


Заменете ги пластичните даски со дрвени

Во денешно време, невозможно е да се избегне микропластика. Но, некои земји преземаат чекори за борба против микропластиката, додека ние самите можеме да преземеме некои чекори.

На пример, заменете ги пластичните даски за сечење со стаклени, мермерни, бамбусови или дрвени. Дрвените даски за сечење, освен што се најевтини, имаат и природни антимикробни својства.

Како да избегнете микропластика?

-Избегнувајте да пиете од пластични шишиња со вода, особено од оние за еднократна употреба. Ако мора да пиете од нив, обидете се да ги чувате на сонце во ладна и сува средина. Пластичните шишиња за вода за еднократна употреба многу лесно се разградуваат како одговор на температурни промени или механички стрес.

-Загревање на храната во микробранова печка во пластични садови. Загревањето храна во пластични садови може да ослободи милиони микропластични честички во храната.

-Филтрирајте ја водата. Поради широката употреба и загадувањето на пластиката, водата понекогаш може да содржи микропластични честички. Домашните филтри за вода можат да бидат ефективни во намалувањето на многу загадувачи, вклучително и микропластиката.

Редовно бришете прашина и уисувајте. Отстранувањето на вишокот прав од кујната може да помогне да се намали количината на микропластични влакна во прашината што може да ја загади вашата храна.

Треба да знаете
Последни објави