Search

Крадци упаднале во магацин во Германија и украле 16.000 четки за заби

Крадци, кои упаднале во складиште за логистика во западна Германија, успеале да украдат 2.000 телевизори и 16.000 електрични четки за заби, соопшти полицијата. Непознатите крадци побегнале од магацинот во градот Дуисбург со сеф тежок повеќе од 100 килограми.

Се проценува дека пленот е вреден 1,4 милион евра. Кражбата се случила минатиот викенд, но во вторникот била објавена во полициско соопштение.

Според полицијата, крадците упаднале во зградата преку прозорец. Најверојатно, им требале неколку камиони за да ги однесат илјадниците украдени предмети. Полицијата во моментот ги анализира индициите на местото на злосторството и снимките од видеонадзорот, а се надева и на помош од очевидци.

Треба да знаете
Последни објави