Search

Зошто е добо да се јаде путер од кикиритки

Многумина ќе ги класифицираат кикиритките како јаткасти плодови, но тоа е мешунка која потекнува од Јужна Америка. Освен што сакаме да ги грицкаме во сирова форма, многумина од нас го сакаат и во кремаста варијанта, односно како намаз. Неговиот слатко-солен вкус е одличен додаток на различни јадења. Кикиритките се преполни со протеини и други хранливи материи.

Нутритивен состав на путер од кикиритки

Хранливата содржина на путерот од кикиритки може да варира во зависност од брендот, видот и составот на производот. Според Министерството за земјоделство на САД (USDA), една порција, што е приближно две лажици стандарден мазен путер од кикиритки, го обезбедува следново:

191 калории
7 g протеини
16 g маснотии
7 g јаглени хидрати
1,6 g влакна
3 гр шеќер
16 mg калциум,
54 mg магнезиум,
28 μg фолна киселина и
136 mg натриум

Здравствени придобивки

Кога се консумира како дел од урамнотежена здрава исхрана, наведениот нутритивен состав на оваа мешунка обезбедува бројни здравствени придобивки.

Преку релативно прифатлива и достапна храна во само две лажици обезбедуваме доволен внес на протеини. Здравите возрасни лица треба да консумираат 0,8 грама протеини на килограм телесна тежина дневно. Освен протеини, путерот од кикиритки содржи и многу здрави масти кои се добри за срцето.

Кикиритките се одличен извор на различни витамини и минерали, вклучувајќи:

Биотин – кој е важен за време на бременоста,
Бакар – минерал кој често е низок во западната исхрана,
Ниацин – познат како витамин Б3, е поврзан со намален ризик од срцеви заболувања,
Фолната киселина – позната како витамин Б9 или фолна киселина, фолатите има многу суштински функции и е особено важна за време на бременоста,
Манган – микроелемент кој се наоѓа во водата за пиење и во повеќето намирници,
Витамин Е – моќен антиоксиданс кој се наоѓа во мрсната храна,
Тиамин – односно витамин Б1, кој им помага на клетките на телото да ги претворат јаглехидратите во енергија. Неопходен е за работата на срцето, мускулите и нервниот систем,
Фосфор – кикиритките се добар извор на фосфор, минерал кој игра клучна улога во растот и одржувањето на телесните ткива.
Магнезиум – доволен внес на овој суштински минерал во исхраната штити од срцеви заболувања

Чувството на ситост е уште една предност што ја дава оваа храна, лесно е пренослива и има долг рок на траење.

Треба да знаете
Последни објави