Search

Исламски џихад: Почина една затвореничка, се откажуваме од одговорност

Палестинската милитантна група Исламски џихад вечерва објави дека една затвореничка што ја држела од 7 октомври, кога беше нападнат Израел, починала.

„Претходно изразивме подготвеност да ја ослободиме од хуманитарни причини, но непријателот тоа го одложи што доведе до нејзина смрт“, се вели во објавата на Телеграм.

Портпаролот на Исламскиот џихад Абу Хамза рече дека милитантната група се оградува од секаква одговорност за затворениците што ги држи поради „варварското бомбардирање на секој сантиметар од Појасот Газа“.

Треба да знаете
Последни објави