Search

Бислимовски: Нема да има промени во блок тарифите за струја

Нема да има промена на опсегот на четирите блок тарифи за електричната енергија на регулираниот пазар и покрај  забелешките на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), порача вечерва претседателот на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) Марко Бислимоски во емисијата 24 Отворено на ТВ 24

„РКЕ го носи тарифниот систем и кажува во кој опсег ќе се блок тарифите. Да, има забелешки од ММФ дека блоковите треба да се намалат, но одговорно тврдам – блоковите и нивниот опсег нема да се намалат. Не е тоа решение. Блоковите даваат резултати. Воведената реформа има ефект и има заштеди од 16 отсто. Дури и тоа што беше потопла зимата има удел, но сепак до овој процент е стигнато со штедење на домаќинствата и факт е дека потрошувачката е намалена, рече Бислимоски.

Нагласи дека намалувањето на субвенциите што ги даваше Владата за електричната енергија е логичен след затоа што, како што рече, оваа година, по завршувањето на грејната сезона немаме потреба од ТЕЦ Неготино и големите набавки завршија.

Тој додаде дека имаме постабилна ситуација во однос на цената на струјата на слободниот пазар кај нас и во регионот, кога може да се купи струја на слободниот пазар. Потребите кои требаше да ги обезбеди ЕСМ за универзалниот снабдувач, за малите потрошувачи и домаќинствата и за покривање на загубите во дистрибутната и преносната мрежа, сега се обезбедуваат на слободниот пазар по цени кои се многу пониски. На тоа се должи и намалувањето на субвенциите за ЕСМ.

„Карактеристично е дека по лошата 2021 година, ЕСМ го зголеми производството на струја во 2022 и очекуваме сега да биде над 4 милијарди киловат часови. До крајот на годината ќе носиме нова цена на струјата во однос на бројот на вработени во секторот за топлинска енергија“ – рече Бислимовски.

Треба да знаете
Последни објави