Вујко и внук во тимот на Работнички

Да играат заедно во ист тим браќа, сестри не е реткост и ништо невообичаено на спортските терени. Меѓутоа во редовите на македонскиот фудбалски прволигаш сезонава настапуваат вујко и внук. Станува збор за стружаните Езгон Белица (роден 1990) и Адтхе Мазари (2001).

Белица кој има и богата интернационална кариера од летоска е повратник во редовите на „романтичарите“ каде настапуваше за првпат во 2009 и 2010 година. Белица игра на позицијата централен стопер. Младиот Мазари кој игра на крилната позиција, по стапките на својот вујко Белица пристигна по афирмација во Градскиот Парк од прилепска Победа зимоска, откако кариерата ја почнал во Струга, па продолжил во Охрид.

-Сестра ми е многу повозрасна од мене и затоа дојде до оваа интересна комбинација. Не ми дозволуваат да ја завршам кариерата. Ќе бидам уште во друштво на помладите, ќе го споделувам моето искуство вели Белица кој во својата кариера на домашната сцена почнал во Караорман, има настапувано и за тетовска Шкендија, а во странство бил член на албанските тимови Беса и Партизани, романска Конкордија, Интер Турку во Финска, Рига во Летонија и косовска Приштина.

Интересно за спортската јавност е дека на оваа струшка фудбалска приказна припаѓа и повозрасниот поранешен играч на Караорман, Фатмир Зиба (70 г.) и најзвучното име, еден од најдобрите поранешни македонски фудбалски репрезентативци стружанецот Артим Шаќири (50 г.), кој по завршувањето на богатат кариера се пресели и во тренерските кругови. Зиба му е вујко на Белица, а Шаќири зет за сестра.

Кога семејството ќе се собере во Струга фудбалските теми се неизбежни меѓу поранешните и актуелните учесници во најважната споредна работа на светот.

Треба да знаете
Последни објави