Search

Уапсени четири лица во Бања Лука за искористување на деца за порнографија

Четири лица се уапсени поради сомнение дека сториле кривично дело изнуда на деца за порнографија, соопшти Министерството за внатрешни работи на Република Српска.

Уапсени се Д.Д. од Приједор, З.Т. од Козарска Дубица, Б.Ј. од Модрича и Ж.М. од Теслиќ.

Тие беа уапсени од припадници на Единицата за високотехнолошки криминал на Одделот за криминалистичка полиција на полицијата на Српска во соработка со полициските управи на Приједор, Добој и Градишка во акцијата „Мозаик 2023“, која МВР на Српска ја спроведува во соработка со Европол и со полициите на Србија, Словенија, Хрватска и  Македонија.

Треба да знаете
Последни објави