Search

Само 1% од најбогатите испуштаат повеќе CO2 од најсиромашните 66%

Најбогатиот дел од населението, околу еден процент, е одговорен за повеќе штетни емисии на јаглерод од најсиромашните 66 проценти заедно, а последиците претставуваат опасност за најранливите заедници и глобалните напори за борба против климатската криза, се вели во извештајот на експерти, пренесува Гардијан.

Најсеопфатната студија за глобалната климатска нееднаквост што некогаш била изрботена покажува дека елитна група од 77 милиони луѓе, вклучувајќи милијардери, милионери и оние кои трошат повеќе од 140.000 американски долари годишно, учествувале со 16 отсто од сите емисии на јаглерод диоксид во 2019 година, што е доволно. да предизвика повеќе од милион дополнителни смртни случаи поврзани со топлина.

Во претходните пет години Гардијан наведува дека работел со „Оксфам“, Институтот за животна средина од Стокхолм, како и со други експерти.

Извештајот на Оксфам покажува дека иако најбогатите еден процент имаат тенденција да живеат климатизирани животи, нивните емисии – 5,9 милијарди тони CO2 во 2019 година – се одговорни за големи штети и страдање на огромен дел однаселението на планетата.

Треба да знаете
Последни објави