Search

Нови инциденти во албанскиот парламент: пратениците активираа димни бомби, Рама ја напушти седницата

Нови инциденти во парламентот на Албанија каде денеска во рок од пет минути со мнозинство гласови беше усвоен буџетот за 2024 година, но седницата ја одбележаа пратениците од опозицијата кои активираа димни бомби.

Веднаш штом започна седницата, пратениците од опозицијата направија барикади од столчињата, а потоа активираа димни бомби.

Опозициските пратеници се обидоа да ја блокираат говорницата со столчиња, но обезбедувањето ги спречи, по што опозиционерите Газмент Бард и Рамадан Лика се судрија со обезбедувањето.

Седницата траеше околу 5 минути, а буџетот беше начелно изгласан, бидејќи немаше расправа а собранието беше во чад, а во еден момент избувна и мал пожар.

На оваа седница присуствуваше и премиерот на Албанија, Еди Рама, но набрзо ја напушти седницата.

Треба да знаете
Последни објави