Search

Италија во Албанија ќе врати 1.950 затвореници на доиздржување на затвоска казна

Италијанскиот министер за правда Карло Нордио и неговиот албански колега Улси Мања на средбата  во Рим, постигнале договор со кој ќе се овозможи враќање на 1950 затвореници кои се албански државјани.

– Постигнатиот договор ќе ни овозможи да ги намалиме трошоците за одржување и да се бориме со пренатрупаноста, изјавил Андреа Остелари, италијанскиот  потсекретар за правда.

Сега, посочил тој, може да започне дискусијата за да се идентификуваат оперативните решенија, кои ќе “гарантираат дека секој осуденик целосно ќе ја издржи казната, без одбитоци, според потребните гаранции”.

Албанија потпиша договор и со Обединетото Кралство за трансфер на најмалку 200 затвореници-Албанци, кои се осудени за сторени тешки кривични дела.

Треба да знаете
Последни објави