Search

Вработените во OpenAI се закануваат со откази откако Сем Алтман се приклучи на Мајкрософт

Иднината на OpenAI се доведува во неизвеснот откако стотици вработени во компанијата потпишаа писмо во кое го повикуваат одборот да се повлече откако не беше во можност да постигне договор за враќање на сменетиот извршен директор Сем Алтман.

Алтман, чие заминување од OpenAI беше најавено во петокот, денес му се придружи на Мајкрософт по раматичниот викенд. Алтман ќе го води новиот проект за вештачка интелигенција во Мајкрософт, соопшти технолошкиот гигант рано денес, откако се појавија гласини дека тој би можел драматично да се врати во компанијата на која и помогна да се изгради во еден од најжешките стартапи во светот.

Неколку часа подоцна, во писмото, кое најпрво беше објавено од Wired, а подоцна споделено со NBC News, се вели дека вработените во OpenAI ќе дадат оставка и евентуално ќе се приклучат на Mакрософт „освен ако сите сегашни членови на одборот не поднесат оставка, а одборот не назначи двајца нови водечки независни директори како што се Брет Тејлор и Вил Херд, и ги врати Сем Алтман и Грег Брокман“.

„Вашите постапки покажаа дека не сте способни да го водите OpenAI“, се вели во писмото. „Не можеме да работиме за или со луѓе кои немаат компетентност, расудување и грижа за нашата мисија и вработените. Ние, долупотпишаните, може да избереме да поднесеме оставка во OpenAI и да се придружиме на новонајавената подружница на Мајкрософт, управувана од Сем Алтман и Грег Брокман.

OpenAI, основан во 2015 година со пари од неколку технолошки милијардери, во последниве години се појави како лидер на новиот бран на технологија за вештачка интелигенција најпозната по апликацијата за четботи ChatGPT. Таа апликација стана популарна пред речиси точно една година, демонстрирајќи ги огромните чекори што ги направи вештачката интелигенција и го направи OpenAI најжешкиот технолошки стартап на планетата.

Претседателот и извршен директор на Мајкрософт, Сатја Надела, го објави вработувањето на Алтман на X, откако одборот на директори на OpenAI рече дека „повеќе немаат доверба“ во Алтман – водечка фигура во напорите на технолошката индустрија да се справи со ветувањето и потенцијалните опасности од вештачката интелигенција.

Мајкрософт е главен финансиски поддржувач на OpenAI и има инвестирано милијарди од својот прв договор за финансирање во 2019 година. Оттогаш, OpenAI стана највидливиот од новата генерација на компании за вештачка интелигенција.

Надела рече дека Мајкрософт сè уште е посветен на поддршката на OpenAI, кој сега има нов лидерски тим, истовремено потврдувајќи дека Алтман ќе води „нов напреден истражувачки тим за вештачка интелигенција“, заедно со ко-основачот на OpenAI, Грег Брокман, кој беше исфрлен од одборот на компанијата и подоцна во петокот поднесе оставка од функцијата претседател.

Треба да знаете
Последни објави