Search

Во голема акција на Европол во регионот уапсени се 39 педофили

Во акцијата „Мозаик 2023“, која беше спроведена под покровителство на Европол, уапсени се 39 осомничени за сексуална злоупотреба на деца и ширење детска порнографија. Меѓу уапсените има и српски државјани.

Под покровителство на Европол беше спроведена голема акција против сексуалната експлоатација на деца во Западен Балкан, соопштија од организацијата. Идентификувани се 39 осомничени малтретирачи на деца, а две од нивните жртви се спасени.

Акцијата „Мозаик 2023“ ја водеше словенечката полиција, а ја координира Европол. Целта беше да се идентификуваат и уапсат лица што преку интернет-форуми и пораки на разни платформи споделувале и дистрибуирале фотографии од злоупотреба на деца. Земјите од Западен Балкан, Босна и Херцеговина, Македонија, Црна Гора и Србија, како и Словенија, Хрватска и Унгарија, извршија серија апсења меѓу 6 и 17 ноември.

Во овие земји беа извршени вкупно 41 рација, а осомничените или беа уапсени или обвинети за дистрибуција на детска порнографија. За време на операцијата запленети се 200 предмети, кои содржеле фотографии или видеоклипови од детска порнографија и сексуална злоупотреба на деца, вклучувајќи компјутери, мобилни телефони, сервери и мемориски картички.

Треба да знаете
Последни објави