Search

Вонредна состојба во Варна поради невремето, има и загинати

Две лица ги загубија животите во невремето што зафати големи делови од Бугарија, при што силниот ветер, дожд и снег предизвикаа сериозни штети и го прекинаа снабдувањето со електрична енергија во градовите и селата, соопштија властите.

Жителите на источна Бугарија, која беше најтешко погодена од невремето, изјавија дека никогаш не доживеале такво невреме.

Во Варна, град на Црното Море е прогласена вонредна состојба, а властите предупредија дека невремето претставува ризик за жителите.

Во тој град дошло до прекин на снабдувањето со електрична енергија, а патиштата биле блокирани.

Полицијата синоќа соопшти дека маж загинал откако со комбе удрил во паднато дрво на главниот булевар во главниот град Софија, додека една жена загинала во Варна кога врз неа паднала гранка, пренесува „Бета“.

Треба да знаете
Последни објави