Search

„Василичарска епопеја“ е првиот мурал кој го разубави Вевчани

„Василичарска епопеја“ е првиот мурал кој го разубави Вевчани. Според министерката за култура, Бисера Костадиновска Стојчевска ова монументално уметничко дело оддава почит на богатиот културен опус на Вевчани, овековечувајќи го наследството на нашиот негуван Вевчански карневал – еден од најстарите европски и први карневали во државата, зачленет во Светската карневалска федерација.

Ова уметничко дело со право ја доби поддршката од Министерството за култура, со оглед на тоа што ја надминува естетиката и е доказ за нашата посветеност да го зачуваме и славиме нашето културно наследство.

“Василичарска епопеја” дополнително го оживеа Вевчани благодарение на големата површина и живите бои со кои изобилува муралот, а неговиот мотив одлично се вклопува во просторот и контекстот.

-Им честитам на авторите за успешниот проект и што ја искористија моќта на уметноста во раскажувањето на нашите приказни и заштитата на нашата традиција, напиша на својот фејсбук профил министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска.

Треба да знаете
Последни објави