Search

Бајден верува дека е блиску договорот за заложници меѓу Израел и Хамас

Американскиот претседател Џо Бајден изјави денеска дека верува оти е блиску договорот за заложниците меѓу Израел и палестинската милитантна група Хамас.

„Верувам дека е така“, рече Бајден накратко, одговарајќи на новинарско прашање дали е блиску договорот за заложниците.

Сè повеќе медиуми пишуваат за можна размена, со посредство на Катар, на жените и децата кои ги држат Хамас и израелските затвореници.

Договорот, наводно, ќе вклучува еднодневна пауза во борбите.

Треба да знаете
Последни објави