Барселона ќе добие отштета за повредата на Гави од 3 до 4,3 милиони евра

Актуелниот шпански фудбалски првак Барселона од ФИФА ќе добие од 3 до 4,3 милиони евра како отштета за повредата на својот репрезентативец Гави, пренесуваат тамошните медиуми. Гави заработи повред на натпреварот од 10. коло во квалификациската група за ЕП 2024 меѓу селекциите на Шпанија и Грузија (3:1).

Барселона ќе добие исплата на отштета од ФИФА како дел од програмата за заштита на клубот. Максималната отштета за повреда на еден играч е 7,5 милиони евра или 20.548 евра дневно. Според најавите Гави може да биде надвор од терените од шест до осум месеци.

Треба да знаете
Последни објави