Search

ТФТ загуби и од Хелиос

ТФТ Скопје загуби од Хелиос Домжале 70:63) во последното 5. коло на турнирот во Златибор од кошаркарската регионална АБА 2 лига. Македонскиот претставник во регионалното натпреварување играше добро 35 минути, на моменти имаше и поредност, но на крајот не успеа да го изненади словенечкиот тим кој беше фаворит во овој дуел.

Највисокото водство ТФТ го имаше на крајот од првото полувреме кога имаше предност од 40:33, на средината од третиот период водеше со 46:41, но потоа почна да паѓа. Хелиос го презема водството и на крајот дојде до триумф од 70:63.

Џелани Симонс беше убедливо најдобриот играч на мечот со 21 поен. ТФТ од Златибор заминува како претпоследен на табелата со 1 победа и четири порази.

Треба да знаете
Последни објави