Search

Столтенберг ја почна посетата на Западен Балкан од Сараево, во вторник доаѓа во Скопје

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг ја почна посетата на земјите од Западен Бачлан од Сараево. Вечерва е најавена негова работна вечерва со членовите на Претседателството на БиХ.

Утре ќе има разговор со високиот претставник за БиХ, Кристијан Шмит, по што ќе се сретне со претседавачот на Советот на министри на БиХ, Борјана Кришто.

Столтенберг ќе го посети и седиштето на НАТО во Сараево, каде што ќе има средби со воени лидери и претставници на меѓународната заедница. По Босна и Херцеговина, Столтенберг го продолжува патувањето за Косово, на средби со претседателката Вјоса Османи и премиерот Албин Курти.

Потоа ќе ја посети Србија каде што треба да се сретне со претседателот Александар Вучиќ и премиерката Ана Брнабиќ, а турнејата ќе ја заокружи со дводневна посета на Северна Македонија.

Според најавите, Столтенберг во Скопје треба да пристигне во вторник, 21 ноември.

Во Скопје најавени се средби со претседателот Стево Пендаровски и со собранискиот спикер Талат Џафери, а тој ќе се обрати и пред пратениците во парламентот.

Вториот ден од посетата на земјава шефот на НАТО ќе го започне со билатерална средба со премиерот Димитар Ковачевски, по што ќе учествува на неформалниот состанок на лидери на НАТО-сојузници од регионот, чиј домаќин е С Македонија.

Треба да знаете
Последни објави