Search

Србија со реми слави пласман на ЕП по пауза од 24 години

Србија е втората репрезентација од Г групата која избори пласман на ЕУРО 2024. За Србија престојното ЕП ќе биде прво по пауза од 24 години. Претходно од оваа група место на континенталниот шампионат избори Унгарија. Попладнево Србија одигра 2:2 со Бугарија, а Унгарија ја победи Црна Гора со 3:1.

Вистинска драма се одвиваше до 69.минута во оваа група. Во тие моменти Бугарија поведе против Србија во Лесковац, а Црна Гора имаше минимална предност против Унгарија во Будимпешта. Тие резултати покрај Унгарија ја носеа Црна Гора на ЕП.

Сепак во Будипмешта, играчот на Ливерпул, Доминик Собослај со два гола во две минути направи пресврт, откако Црна Гора водеше со голот на Рубежиќ во 36.минута. Точка на натпреварот стави Наѓ во 83.минута.

Србија, на домашен терен доминираше прптив Бугарија, но повеќето од нападите беа јалови. Водеа Србите со голот на Вељковиќ од 16.минута. Десподовво првоот поливреме ја погоди гредата и со резултат 1:0 заврши првиот дел.

Во второто Бугарите ги шокираа пртивниците во интервал од 10 минути. Русев изедначи во 59.минута, а Десподов во 69, им донесе предност, На крајот реми за Србија избори Бабиќ со голот во 82.минута.

Треба да знаете
Последни објави