Search

Португалија со максимални 30 бода ги заврши квалификациите за ЕП-2024

Со максимални 30 бода и како најефикасна репрезентација во циклусот за настап на завршницата од фудбалското ЕП-2024, Португалија денеска ги најуспешните квалификации во нејзината историја. За крај Португалија го совлада Исланд со 2:0 со што остана под просекот од 3,6 гола на натпревар, а остана на само двата примени. Можност да ѝ се придружи со максимален ефект во квалификациите ќе има Франција со тоа што „триколорите“ беа во група со пет репрезентации и во овој циклус ќе имаат само осум натпревари.

Кристијано Роналдо не се запиша во листата на стрелците, но му асистираше на Хорта кој во 66. минута го постави конечниот резултат. Пред крајот на првото полуврене Бруно Фернандес ја донесе Португалија во водство.

Шпанија ја победи Грузија со 3:1, но триумфот остана во сенка на повредата на Гави кого најверојатно го очекува долга пауза.

РЕЗУЛТАТИ
БиХ – Словачка 1:2
Лихтенштајн – Луксембург 0:1
Португалија – Исланд 2:0
Шкотска – Норвешка 3:3
Шпанија – Грузија 3:1

Треба да знаете
Последни објави