Search

Димитриевски: Треба да покажеме дека резултатот од „Олд Трафорд“ е нереален!

Голманот на македонската фудбалска репрезентација Столе Димитриевски иако е во одлична форма на голот на шпанскиот ла-лигаш Рајо Валјекано, неуспеа да ги запре налатите на противниците во дуелите со Англија (7:0) и Италија (5:2).

– Лошо се чувствувам кога примаме толку голови, но ние сме селекција која има многу нови играчи и се уште се запознаваме и се вклопуваме. Работиме како тим, во нападот имаме играчи кои можат да решат ситуација со еден потег, но во одбрана мораме да се браниме како тим. Натпреварот во Манчестер на „Олд Трафорд“ беше многу тежок за нас како тим, тој резултат не е реален според квалитетот кој го поседуваме, но во фудбалот има и такви порази. Утре имаме шанса да се докажеме на домашен терен, да покажеме дека сме подобри и поквалитетни од првиот меч, вели Димитриевски во пресрет на новата утрешна пресметка со Англија во Скопје.

Треба да знаете
Последни објави