Search

Европски Сојуз за Променa: Претседателот на Собранието треба да постапи врз основа на уставот, членот на опозицијата да се избере во ДИК

Откако поминаа 24 часа и откако со службен допис беше известен првиот човек на Собранието, бараме што поскоро да постапи согласно Уставот и соодветните закони во кои јасно стои дека опозицијата мора да има свој претставник на Државната изборна комисија, велат од Европски сојуз за промена.

Конкурсот за избор на член на Државната изборна комисија е веќе затворен, исто така претседателот на Собранието, г. Талат Џафери e информиран, дека кандидат на Европскиот Сојуз за Променa е г. Абдуш Демири.

Со адекватно дејствување на претседателот на Собранието ќе се докаже дека власта сака следните избори да бидат фер, демократски и транспарентни. Во спротивно, ќе се сфати дека Владата, чиј дел е и претседателот на Собранието, се подготвуваат претстојните избори да бидат изманипулирани, недемократски и без претставници на албанската опозиција. А со ваков пристап ќе има негативно влијание врз меѓународните институции и врз процесот на европска интеграција на земјата.

Првите индиции за изборна манипулација веќе ги даде министерот за надворешни работи, Бујар Османи, кој како претседавач со ОБСЕ се обиде да го намали бројот на набљудувачи на оваа многу важна меѓународна институција која ги надгледува и оценува изборните процеси.

Ја известуваме јавноста, а и државниот врв дека доколку се обидуваат да ја задржат целосно под контрола Државната Изборна Комисија и да ја остават без претставници на албанската опозиција, во овој случај на Европскиот Сојуз за Променa, тогаш ние од следната недела ќе ги информираме сите меѓународни институции и амбасадите на пријателските земји како што се САД, ЕУ, но и на други европски земји.
Се надеваме дека владата ќе го стави државниот интерес пред партискиот и личниот интерес

Треба да знаете
Последни објави