Search

Претседателот Пендаровски се обрати на Годишниот самит на  Глобалниот парламент на градоначалници

Претседателот Стево Пендаровски се обрати на Годишниот самит на  Глобалниот парламент на градоначалници којшто се одржува во Скопје од 17-19 ноември, а чиј домаќин е градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска.

Овогодинешниот самит е насловен „Моќни, инклузивни и грижливи градови: Обезбедување на демократија и развој со генерациите кои доаѓаат” и на истиот учествуваат над стотина градоначалници, како и голем број на претставници на меѓународни организации.

Учесниците на Самитот преку структурирани пленарни дебати имаат можност да дискутираат на теми поврзани со итни глобални прашања во градовите, како и теми од  повеќе области каде што би се имплементирале нивните позитивни искуства и можностите за вмрежување на градските лидери.

Треба да знаете
Последни објави