Вечерва, во рамките на меѓународен саем за вино, храна и туризам во Белград се одржа „Македонска вечер”, на којашто домаќин беше претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски.
![](https://24info.mk/wp-content/uploads/2023/11/17112023_PVRSM_KOVACEVSKI_POSETA-BELGRAD-8-1024x683.jpg)
Во поздравното обраќање премиерот Ковачевски рече дека македонската култура и традиција се познати на регионот и на светот меѓудругото и по македонското вино, храна, музика, што ја промовираат државата и како посебна туристичка дестинација.
„Ве поканувам заедно да ги дегустираме македоското вино и македонската храна автентични за нашата македонска држава. Во Северна Македонија културата и гостопримството се спојуваат и создаваат незаборавни патувања”, рече премиерот Ковачевски.
На „Македоската вечер” присуствуваа бројни гости од политиката, дипломатијата, стопанските комори од Србија, Црна Гора, Северна Македонија, медиуми.
![](https://24info.mk/wp-content/uploads/2023/11/17112023_PVRSM_KOVACEVSKI_POSETA-BELGRAD-9-2-1024x683.jpg)
![](https://24info.mk/wp-content/uploads/2023/11/17112023_PVRSM_KOVACEVSKI_POSETA-BELGRAD-4-1024x683.jpg)
Дегустацијата на посебните вкусови на македонските вина и храна беше проследена со културно уметничка програма, настап на македонски џез оркестар и на естрадни уметници.