Search

Османи: Специјалната поштенска марка „За луѓето се работи” ќе сведочи за нашето Претседавање со ОБСЕ

Претседавачот со ОБСЕ и министер за надворешни работи, Бујар Османи и директорката на Пошта на Северна Македонија, Бујаре Абази денес промовираа поштенска марка издадена по повод Претседавањето на Северна Македонија со најголемата регионална безбедносна организација во Европа, ОБСЕ. 

На свечената промоција, која се одржа во спортскиот центар „Борис Трајковски” кој се подготвува да ги прими високите делегации на земјите-учеснички и партнери на ОБСЕ на Министерскиот совет која се одржа во присуство на Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски и странски амбасадори во државата. 

Министерот Османи истакна дека овој настан ќе биде круна на Претседавањето со ОБСЕ кое ја позиционираше земјата како еден од клучните играчи на меѓународната сцена.

„За сеќавањето од Претседавањето со ОБСЕ биде трајно, се погриживме и преку издавање на посебно издание на свечена поштенска марка. Оваа поштенска марка ќе биде редок пример во филателистичките колекции ширум светот и ќе остане да сведочи на едно време на значаен напредок на државата на меѓународен план”, истакна Османи на промоцијата. 

За луѓето се работи беше нашето мото и поттик во текот на изминатата година. Нашето Претседавање беше фокусирано на луѓето затоа што во свет во превирања, потребите и барањата на луѓето се секогаш на прво место.

„Оваа порака е аплицирана и на пригодната поштенска марка затоа што таа треба постојано да ги потсетува политичките лидери и меѓународните организации што е всушност целта на нивната работа”, рече Османи. 

Зборувајќи на промоцијата на поштенската марка, директорката на Пошта на Северна Македонија, Бујаре Абази, истакна дека преку поштенската марка не само што се претставува земјата, туку се испраќа и силна порака. 

„Подадената рака, хуманоста и заштитата на луѓето не познава граници и треба да биде во фокус на нашата работа”, рече Абази.

Се бројат часови до одржувањето на Министерскиот совет на ОБСЕ, кој од 29 ноември до 1 декември ќе се одржува во Скопје, рече Претседавачот Османи. 

„Наша задача е да се покажеме како добри домаќини и немам сомнеж дека ќе го поминеме и овој тест со највисоки оценки. Во однос на оценките за Претседавањето на нашата земја со ОБСЕ сигурен сум дека тоа ќе остане како печат кај нашите партнери и пријатели”, рече Османи. 

Министерскиот совет на ОБСЕ е најголемиот настан во историјата на Северна Македонија и по димензија и по значење за државата. На Министерскиот совет се очекува да присуствуваат 76 делегации на држави-учеснички и партнери на ОБСЕ претставени на ниво на министри за надворешни работи или повеќе од 1000 претставници на делегации.

Треба да знаете
Последни објави