Нетанјаху: Израел „не беше успешен“ во минимизирањето на цивилните жртви

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху повторно го обвини Хамас за смртта на цивилите додека Израел продолжува со бомбардирањето и копнената инвазија на Газа.

Тој повтори во интервју за ЦБС њуз дека Израел издаде наредби за евакуација и фрли летоци со предупредување до цивилите да ги напуштат областите во Газа. Нетанјаху, сепак, рече дека не успеале да избегнат цивилни жртви.

„Другата работа што можам да ја кажам е дека ќе се обидеме да ја завршиме таа работа со минимални цивилни жртви“, рече тој. „Тоа е она што се обидуваме да го направиме. Минимални цивилни жртви. Но, за жал, не сме успешни“.

Треба да знаете
Последни објави