Search

Модриот патлиџан го штити здравјето на срцето

Поради присуството на калиум, модар патлиџан е храна која се препорачува за здравјето на кардиоваскуларниот систем. Овој зеленчук е богат со биофлавоноиди, кои се одлични за намалување на крвниот притисок. Кога притисокот ќе се намали, се намалува оптоварувањето на срцето, се подобрува циркулацијата и воопшто се подобрува целиот кардиоваскуларен систем.

Антоцијаните во модар патлиџан, исто така, помагаат во намалување на воспаленијата што може да го зголеми ризикот од срцеви заболувања. Сапонините кои ги содржи се фитохемикалии кои играат голема улога во борбата против слободните радикали, воспаленијата и алергиите. Антоцијанинот и насунинот се исто така присутни како фитонутриенти кои ги штитат клетките од ефектите на слободните радикали.

Дава чувство на ситост

Модар патлиџан е нискокалоричен и содржи некои важни хранливи материи. Влакната кои се наоѓаат во модриот патлиџан се причината поради која овој зеленчук се користи во исхраната, бидејќи дава чувство на ситост и влијае на цревата, па многумина сметаат дека е одлична замена за месото. Покрај тоа, модар патлиџан ќе му обезбеди на вашето тело онолку железо колку што навистина му е потребно, без никаков ризик од оштетување на функциите на телото.

Модар патлиџан е зеленчук без скроб или со малку јаглехидрати. Истражувањата покажуваат дека покрај одржувањето на здравјето на дигестивниот систем и правилната функција на цревата, влакната од модар патлиџан помагаат во регулирањето на нивото на шеќер и инсулин во крвта, а исто така се добри и за слабеење бидејќи го зголемуваат чувството на ситост.

Потекнува од Индија

Модриот патлиџан потекнува од Индија, каде што растеле неговите диви предци, а првпат се одгледувал во Кина, во 5 век п.н.е. Во Африка пристигнал преку Блискиот Исток, а во 14 век и во Италија. Еден век подоцна почнале да го одгледуваат низ цела Европа, а денес Италија, Турција, Египет, Кина и Јапонија се најголемите производители на модар патлиџан.

Иако има долга и богата историја, не е широко користен во светските кујни. Поради горчината на своите предци се верувало дека може да предизвика лудило, лепра и рак, а најмногу се одгледувало како украсно растение до 18 век, кога почнале да се одгледуваат видови кои биле помалку горчливи.

Треба да знаете
Последни објави