По седум години Аргентина загуби квалификациски натпрвар дома – Уругвај победи среде Буенос Аирес

Аргентина е поразена од Уругвај на „Бомбонера“ во Буенос Аирес во натпреварот од 5. коло од јужноамериканските квалификации за Светското првенство. По седум години Аргентина загуби квалификациски натпревар на домашен терен. Воедно ова прв пораз на актуелниот шампион по речиси една година и пораз од 2:1 од Саудиска Арабија на стартот од СП во Катар. На натпреварот дојде до конфликт меѓу играчите, а голема улога имаше Лионел Меси.

Голманот Емилијано Мартинез не прими гол цели 751 минута, поточно од Мундијалот и финалниот меч со Франција, а Аргентина по 24 одиграни првпат не постигна гол.

На „Бомбоњера“ се беше подготвено за победа, атмосферата беше одлична, но Уругвај имаше поинаква визија.

Водечкиот гол за гостите го постигна Роналд Араухо во 41. минута.

На три минути пред крајот на мечот, напаѓачот на Ливерпул, Дервин Нуњез постигна гол и ги расплака Лео Меси и сите на стадионот.

Инаку, натпреварот го одбележа инцидент меѓу играчите, кој започна со расправија меѓу Матиас Оливеира и Родриго де Поло.

Лионел Меси ги шокираше сите кога реши да се вклучи во конфликтот, притрча до Оливеира, го удри со лакт, а потоа со левата рака го фати за врат.

Главен судија на натпреварот беше Колумбиецот Вилмар Ролдан, кој реши да не реагира, па за многумина најдобриот фудбалер на сите времиња остана неказнет за својот потег.

По поразот, Меси пред камерите го коментираше конфликтот на теренот и непристојниот гест на Уругваецот Мануел Угарте кон Родриго Де Пауло, на кого му порача да продолжи орално да го задоволува Меси, а потоа тоа и го покажа.

„Можеби е подобро да не го кажувам она што го мислам, но овие млади луѓе треба да научат да ги почитуваат постарите“, изјави Меси во коментарот на тој гест.

Треба да знаете
Последни објави