Search

(Видео)Македонските навивачи веруваат во ново изненадување против Италија

Македонската фудбалска репрезентација се надева дека вечерва на „Олимпико“ во Рим ќе може да одигра уште една добра партија и да приреди ново изненадување против фаворизираната Италија. Во ново изненадување веруваат и македонските навивачи кои пристигнаа во Рим и ќе ги бодрат избраниците на селекторот Благоја Милевски да успеаат во намерите. Загревањето за навивачите со песна почна во еден ресторан пред средбата.

Италија и Македонија вечерва (20.45 ч.)ќе имаат ново фудбалско соочување во рамките на 7. коло од квалификацикста група за пласман на ЕП-2024. Ова ќе биде петти меѓусебен натпреавр. Во досегашните четири двете селекции имаат по една победа и два нерешени исходи.

Македонија победи во Палермо (0:1), загуби во Скопје (2:3), а без победник завршија дуелите во Торино (1:1) и последниот во Скопје (1:1) од овој квалификациски циклус.

Треба да знаете
Последни објави