Search

Секс скандал во најголемиот затвор во Белгија: Чуварите организирале „џакузи оргии“

Најголемиот белгиски затвор повторно го тресе секс скандал. Вработените во затворот Лантин во близина на Лиеж организирале оргии во џакузи, избирајќи партнери врз основа на бојата на нараквиците.

Чуваркс, идентификувана само како С, ја користела канцеларијата на нејзиниот шеф за да може да има секс со персоналот во текот на работниот ден додека тие требало да ги чуваат затворениците во мешаниот затвор. После работа, десет затворски службеници, од кои три жени, редовно се среќавале со еден од машките чувари на џакузи.

За време на забавата персоналот се соблекувал и по случаен според алките во боја се одредувало кој со кого ќе има секс. Во меѓувреме, машкиот чувар идентификуван како П, кој е и организатор на забавата, беше обвинет дека редовно имал секс со затворенички. Раководителите на затворот започнаа итна истрага откако свиркач им кажал за настаните во затворот.

Неименуваниот свиркач ја опиша затворската чуварка како нимфоманка која знаела да им соопшти на колегите дека нема да може да функционира доколку нема секс со некого во шест часот наутро. На инспекторите им било кажано дека еден од менаџерите и дозволил на чуварката да ја користи неговата канцеларија за односи. На вработената очигледно не и пречело тоа што од заедничкиот простор ја делела само стаклена преграда.

Утврдено е и дека С била редовна во затвор и пред да се вработи бидејќи таму го посетувала својот брат кој бил затворен за убиство.

Оваа ситуација покренува дополнителни прашања за нивото на безбедност и заштита во затворот.

Службена истрага е покрената против десет вработени во затворот за кои се тврди дека организирале оргии и имале врски во работно време. Полицајката идентификувана како С била преместена на женскиот дел од затворот за да ги смири нејзините сексуални нагони, додека чуварот П добил забрана за влез во женскиот дел од затворот.

Затворскиот управник Марк Бриси, наводно, испратил белешка до вработените во која вели дека никогаш не помислил дека еден ден ќе мора да пишува такви мејлови.

Затворот беше во центарот на секс скандал пред шест години кога затворска чуварка се појави во порно филм што таа го сними со затвореник.

Треба да знаете
Последни објави