Search

Пожар во деловна зграда во Кина: најмалку 26 загинати, голем број хоспитализирани

Најмалку 26 лица загинаа во пожар што денеска зафати деловна зграда во северна Кина, јавуваат државните медиуми.

Пожарот избувна во четирикатница во градот Лулијанг во провинцијата Шанкси околу 7 часот по локално време.

Според медиумите, пожарот е ставен под контрола, а 63 лица се пренесени во болници.

Пожарот избувна во покраината, која е најголем производител на јаглен во земјата.

Во Кина чести се индустриските несреќи кои можат да резултираат со пожари поради слабите безбедносни стандарди, пишува Би-Би-Си.

Треба да знаете
Последни објави