Search

МЗТ Скопје ја „преминаа“ Сутјеска

Актуелниот македонски шампион МЗТ денес извојуваа убедлива победа против Сутјеска во мечот од четвртото коло од АБА-2 лигата на турнирот во Златибор, победувајќи ги црногорците со резултат од 93:64.

По поразителниот меч пред два дена против тимот на Хелиос каде што загубија со 15 поени разлика, аеродромскиот тим ја одиграа најдобрата партија сезонава, постигнувајќи рано водство кое успеаа мотивирано да го воздржат до крајот на натпреварот. Најефикасен играч овојпат беше Војдан Стојановски со 17 поени и шест асистенции, а блиски до врвот беа и Душан Танасковиќ со 13 коша и Ејасу Ворку со 11 коша.

Останатите македонски тимови во АБА2, ТФТ и Пелистер, ќе се сретнат заедно во меч закажан за утре во 18 часот.

Треба да знаете
Последни објави