Search

Костадиновска-Стојчевска и Битиќи во работна посета на Општина Гостивар

Денеска министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска заедно со заменик претседателот на Владата за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи и заменик министерката за здравство, Маја Манолева, се во работна посета на Општина Гостивар, каде ќе го посетат Центарот за култура „АСНОМ”, ќе направат обиколка и увид на завршените капитални проекти и ќе ги разгледаат можностите за нови инвестиции во оваа национална установа.

Министерката за култура Костадиновска-Стојчевска и вицепремиерот за економски прашања Битиќи по посетата на Центарот за култура „АСНОМ”, предвидено е да дадат изјави за медиумите пред Центарот, со почеток во 10:30 часот.

Владината делегација ќе оствари средба и со раководството на ГАКУД „Браќа Гиновски” на која ќе се запознае со актуелните проекти и активности, како и со предизвиците со кои се соочува ова културно-уметничко друштво.

Агендата министерката за култура ја продолжува на настанот по повод 100 години од раѓањето на еден од најголемите македонски херои и борци, Чеде Филиповски – Даме, каде ќе има свое обраќање.

Треба да знаете
Последни објави