Search

Италија утре ќе биде парализирана од генерален штрајк

Италија утре ќе биде погодена со национален генерален штрајк кој ќе ги опфати јавниот транспорт, како и образовниот и здравствениот сектор.

Штрајкот во јавниот транспорт првично беше закажан како 24-часовен протест, но беше намален на четири часа откако владата издаде налог за негово скратување.

Штрајкот е организиран од два од главните синдикати во Италија, CGIL и UIL, со кој бараат зголемување на платите и истовремено протестираат против владиниот предлог закон за буџетот за 2024 година.

Двата синдикати ќе организираат големи демонстрации на Пјаца дел Пополо во Рим во петок од 09.00 до 13.00 часот.

Работниците во секторот за јавен транспорт низ Италија во петок нема да работат од 09:00 до 13:00 часот, со исклучок на Милано, Неапол и Болоња каде неодамна се одржаа штрајкови и затоаа не смеат толку брзо да организираат нов протест. Ова вклучува работа на автобусите, метрото, трамваите, бродовите и фериботите. Се најавува можност такси службите да не работат цел ден, односно до петок на полноќ.

Сепак, осумчасовниот штрајк ќе важи за училиштата, здравствените служби, поштите и комуналните служби за собирање смет.

Осум часа или цел работен ден ќе штрајкуваат и работниците во фирмите во централните региони Лацио, Тоскана, Умбрија, Марке, Абруцо и Молизе.

Треба да знаете
Последни објави