Search

Енес Ибрахим: И јас и јавноста очекуваме во најскоро можно време министерот Османи да го образложи изборот за Генерален Конзул во Инстанбул

Денес добив неколку пораки и телефонски повици во врска со изборот на Генерален конзул во Истанбул.

Јас како пратеник во собранието, односно како член на законодавната власт немам никаква поврзаност со одлуките на извршната власт. Одговорот треба да се бара кај надлежните органи околу ова прашање. А се разбира дека доколку во јавноста постојат индикации дека има одредени пропусти во целиот процес треба истите да бидат разјаснети и ги охрабрувам и медиумите и институциите да ја информираат јавноста на транспарентен начин. Доколку некој згрешил мора да одговара. Бидејки навистина веќе сакаме да веруваме во правосудниот систем.

Во согласност со законските прописи, без разлика на етничката припадност, дипломатските претставници не смеат да членуваат во политички партии. Секој поединец кој ги исполнува условите и е соодветен за таква позиција може да биде избран, за мене најважно е нашата држава да биде претставена од професионални кадри, а не сомнителни лица. Затоа и сметам дека целиот процес при избор на Генерален конзул треба да биде транспарентен.

И во минатото имало ситуации кога за избор на Генерални конзули се дискутирало на затворени седници, но ми се чини дека прв пат имаме случај каде што на затворена седница се избира само еден конзул. Особено очекувам одговор од министерот Османи, која е причината за ваков вид на одлучување и дали се крие нешто од јавноста?

И јас и јавноста очекуваме во најскоро можно време министерот Османи да го образложи овој избор, бидејќи наводите во медиумите кои овој избор го поврзуваат со јавните набавки во МНР се загрижувачки и пошироката јавност заслужува транспарентен пристап за целиот процес.

Треба да знаете
Последни објави